Sony Xperia Acro S преку Русија во Европа

Објавено на 28.08.2012 во Новости



Sony Xperia Acro S преку Русија во Европа

 

Еден од најубавите смартфони на Sony конечно се тргна од азискиот континент и зачекори кон една европска земја, а големо изненадување е изборот на Русија како земја. Вообичаено е да се презентираат квалитетните смартфони пред се во држави како Велика Британија, Франција или Германија, но во последно време се повеќе се активни и Русите.

Sony Xperia Acro S е еден од смартфоните на Sony со најдобар дизајн, а и неговите карактеристики не се ништо полоши. Така тој поседува 1.5 GHz dual-core процесор, 1 гигабајт RAM меморија, 12 мегапикселна камера, оперaтивен систем Android 4.0 Ice Cream Sandwich, екранот е со големина од 4.3 инчи со HD резолуција од 720 пиксели и сето тоа е спакувано во дизајнот отпорен на вода и прашина.

Цената по која ќе се продава Sony Xperia Acro S во Русија изнесува високи 600 евра, а наскоро се очекува продажба и во останатите европски земји, како и во САД.