Optimus L9 e новата гордост на LG

Објавено на 29.08.2012 во Новости



Optimus L9 e новата гордост на LG

LG Optimus L9 e најновиот член на L серијата, која дoсега ја сочинуваа L3, L5 и L7, кој се појави на почетокот на годината. Optimus L9 e успешно надоврзување на серијата на смартфони во високата средна класа, а токму четвртиот смартфон во оваа низа има најдобри карактеристики досега.

LG Optimus L9 го задржува модерниот дизајн на своите претходници, кој се карактеризира како модерен и удобен, тежи 125 грама и е тенок 9.1 мм, што со оглед на големината на екранот е прилично добро. Овој смартфон има досега најголем екран од 4.7 инчи од видот IPS со висока резолуција, а другите карактеристики на LG Optimus L9 се следниве. Процесорот е нешто послаб, односно се работи за дво-јадрен процесор на 1GHz, потоа 1GB RAM, 4GB вградена меморија, има предна камера VGA и задна камера од 5 мегапиксели, додека за софтверот е задолжен повторно Android 4.0, односно Ice Cream Sandwich.
 
Софтверот е надополнет и со QMemo app, My Style Keypad виртуелна тастатута која е дизајнирана за пишување со една рака, како и QTransalator која е моќна алатка со можност за преведување на цели реченици или фрази од вкупно 44 странски јазици.
 
LG Optimus L9 ќе биде официјално прикажан на Mobile World Congress, a сеуште не е познато кога ќе биде пуштен во продажба и колку ќе чини.
Автор: Aleksandar Stankov