ZTE Grand X само што се појави, а веќе има наследник

Објавено на 03.09.2012 во Новости



ZTE Grand X само што се појави, а веќе има наследник

 

Кинеската компанија ZTE важи за производител кој прилично бавно ги промовира своите уреди. Долго очекуваниот ZTE Grand X иако беше најавен уште пред неколку месеци дури неодамна ја доживеа својата промоција. Затоа, само што се појави неговата официјална верзија веднаш излезе ново соопштение за идниот наследник во името на ZTE Grand X In.

ZTE Grand X In ќе има слични карактеристики како и оригиналот, само што овој пат за процесорот ќе се погрижи Intel.  ZTE на тој начин само се придружува на се поголемата листа на производители и оператори кои ги користат производите на Intel.

Според првичните информации кои доаѓаат од кинезите ZTE Grand X In ќе има помоќен двојадрен процесор или можеби четири јадрен, за разлика од двојадрениот 1 GHz процесор на  ZTE Grand X, a останатите карактеристики ќе бидат речиси идентични, а можни се подобрувања во технологијата на екранот или пак оспособување на смартфонот за LTE мрежа.

Сепак со темпото со кое работат кинезите, нема да не изненади ако овој смартфон го видиме дури кон почетокот на идното лето, бидејќи за споредба ZTE Grand X беше најавен на почетокот на годината, а на пазарот излезе неодамна.