HTC со своја промоција на 19-ти септември

Објавено на 05.09.2012 во Новости



HTC со своја промоција на 19-ти септември

 

Тајванската компанија која е многу актуелна периодов закажа промотивн настан на 19-ти септември во Њујорк. Според очекувањата за кои и претходно пишувавме на ред е HTC да се занимава малку и со Windows Phone 8 уредите, но можно е и изненадување, па да го видиме и наследникот на HTC ONE X.

Што и да претстават од HTCсигурно ќе го задржи вниманието на љубителите на мобилната технологија. Настанот ќе се одржи само една недела, по оној на Nokia, каде исто така се очекуваат новите уреди со Windows Phone 8.

Згуснатиот распред на промоции најмногу му одговара на Microsoft кои се одличен старт за презентирање на новите оперативни системи наменети за мобилните телефони, таблетите и десктоп компјутерите.