Во Лондон се отвора академија за мобилни

Објавено на 10.09.2012 во Новости



Во Лондон се отвора академија за мобилни

 

University College London и Mobile Monday London се здружија и организираа академија посветена на мобилните технологии во секој област.

Поточно, се работи за програма од 10 недели, 36 часа, дизајнирана за поединци, програмери, бизниси и претприемачи кои имаат сакаат да дознаат нешто повеќе за технологијата која го „врти“ бизнисот денес.

 

Програмата започнува на 18 септември и трае до 22 ноември, два пати неделно. На неа ќе се разгледуваат разни работи, од финансиска валидација и создавање на брендови до HTML5 и Android SDK алатки.

Курсевите ќе ги држат разни луѓе со специфични познавања во овие сфери. Ќе има претставници од поранешни вработени во Nokia, Microsoft, Samsung, и Sony.

 

Благодарение на разни спонзорства, учесниците ќе мора да платат само 317 фунти.