HTC против Apple

Објавено на 11.09.2012 во Новости



HTC против Apple

На повидок е нова правна војна, овој пат меѓу HTC и Apple, која ќе се води околу правото на користeње на патенти за LTE 4G технологијата. Тајванците се уште еден Android корисник кој ќе се спротистави на гигантот Apple, по најавата на Samsung за слатка одмазда.

Веќе ве информиравме за опасноста со која се соочува Apple, пред утрешното промовирање на новиот iPhone, за кој има информации дека ќе работи со LTE 4G конекција, а компанијата од Купертино прави огромни напори за обезбедување на што е можно повеќе патенти за да се заштити од евентуални тужби.

Во САД веќе е започнат процесот по тужба на HTC, кој тврди дека Apple го прекршил правото на користење на два патента. Според првите реакции на трговскиот суд кој го води случајот, HTC има легитимна основа за тужбата, што го става Apple во незавидна позиција пред планираното промовирање на новиот iPhone.

За да не се претвори мобилната индустрија во борба за патенти предложено е да се изнајде компромис, а во таа насока се движат и рбаотите меѓу Google и Apple, чии претставници треба да преговараат во наредниот период што би можело да резултира со примирје меѓу двете страни.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: