YouTube се враќа на iPhone

Објавено на 12.09.2012 во Новости



YouTube се враќа на iPhone

По долги проблеми корисниците на iOS ќе имаат можност да користат вистинска  YouTube апликација наменета за iPhone, која овој пат е создадена лично од страна на Google.

Конечно Google ги превзема работите во свои раце и лансираше апликaција која тие ја изработија. Новиот YouTube за iPhone ќе биде многу сличен како оноj што е наменет за Android. Тоа значи одлична функционалност, прегледност, користење на сите канали, лесен начин на споделување на видеата на вашите профили на социјалните мрежи и одличен пребарувач, кој функционира речиси еднакво добро, како и кај самиот YouTube.

Во неколку наврати пишував за проблемите околу YouTube клиентот за iOS, кој на почетокот беше израбтен од Apple и воопшто не функционираше како што треба. Потоа беа создадени повеќе YouTube апликации од трети програмери, кои никако не можеа да профункционираат како што треба. Ривалството меѓу Apple и Google конечно е ставено во мирување, а од тоа најголема корист имаат корисниците.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
 


{}