Кинески новинар на тајна задача во Foxconn

Објавено на 12.09.2012 во Новости



Кинески новинар на тајна задача во Foxconn

Новинарот на Shanghai Evening Post поминал 10 дена во фабриката на Foxcoon која го составува iPhone, за да извести за лошите услови за работење. Наводно заинтересиран за работа, искористил одлична можност да пренесе со што се соочуваат работниците во Foxconn.

Според тоа што ги видел за тие 10 дена условите за работа биле навистина лоши. Еден од најголемите проблеми е хигиената во бараките наменети за работниците кои престојуваат таму. Исто така имал можност да работи и на делови од новиот iPhone. Задача на работниците е да маркираат по 5 задни плочки од маската на смартфонот. На една линија на производство работеле 12 работници, а такви линии имало вкпуно 4. Сето доведува до импресивна бројка од 36.000 плочки од iPhone за половина работно време.

Друг проблем на работнициите според новинарот е и дополнителното работно време, кое се доплаќало само со 4 долари на час. Во еден момент надзорникот почнал да им вика на работниците дека треба да бидт гоеди што бо раце ги имаат новите делови на iPhone и дека треба да работат уште дополнителни два часа.

По излегувањето на сторијата на новинарот во јавност, претставници на Foxconn остро ги демантираа сите детали како неосновани и лажни.





 
Најнови телефони
 
 


{}