Претставен новиот iPhone 5

Објавено на 12.09.2012 во Новости



Претставен новиот iPhone 5

Аирлија работа – Apple го претстави новиот iPhone 5 – најочекуваниот уред на планетава.

Според првичните информации се работи за уред тежок 112 грама, 20% полесен од 4S, 4 инчен Retina дисплеј со резолуција од 1136 x 640 пиксели и густина од 326 пиксели.

За поврзување користи GPRS, EDGE, EV-DO, HSPA, HSPA+, DC-HSDPA и LTE технологија, а има надградени и нови апликации како iMovie и Garage Band.

Новиот А6 процесор е за 22% поштедлив, а новата батерија издржува 8 часа разговор во 3G или LTE, или 10 часа само пребарување на интернет.

 

Телефонот доаѓа со нова камера од 8 МП и нуди резолуција од 3264 х 2448 пиксели и снима со видеа од 720p, ќе има технологија за стабилност на видео, детекција на лица и можност за правење слики додека снима видеа.

Исто така, на сцена ќе стапи и нов микрофон кој има одличен квалитет и ги намалува надворешните звуци – односно три нови микрофони: назад, напред долу и напред горе.

 

Некои од најдобрите игри ќе одат како подмачкани на него – тука се работи за Real Racing 3.

Телефонот работи на iOS 6, a меѓу многуте апликации се новата апликација за мапи каде меѓу другото се гледаат 3D згради. За пребарување iPhone 5 го користи пребарувачот Safari, исто како верзијата во живо.

Уредот ќе доаѓа во две бои: црна и бела.

За жал, на него ќе нема micro-USB компатибилност, ниту безжично полнење, а ништо и од NFC технологијата за која се спекулираше.



На крај доаѓаат цените - тие ќе бидат исти како и за 4S: 199 долари за 16GB. $љ99 долари за 32GB, 399 долари за верзијата од 64GB.

iPhone 5 ќе почне да се испорачува од другиот петок (21 септември) па натакај, а iPhone 4S, iPhone 4, 3GS, новиот iPad, iPad 2 и iPod ќе го добијат iOS 6.





Прочитајте повеќе: