Акциите на Apple во благ пораст

Објавено на 13.09.2012 во Новости



Акциите на Apple во благ пораст

Веднаш по промоцијата на новиот iPhone, акциите на Apple бележат раст на берзата. Поволната клима ги раздвижи инвеститорите и забележанa е голема активност на купување и продавање на акции.

Само неколку моменти по официјалната промоција на iPhone 5 акциите на Apple забележаа мал скок на вредноста  од 1.4 проценти, а кон крајот на денот за уште дополнителни 1.2 проценти. По завршување на денот голем број на инвеститори кои продава акции има големи причини за задоволство.

Денешниот ден исто така е во знакот на нагорната линија, која достигна дури 9.3 проценти пораст на вредноста. Само за споредба вредноста на акциите по ланската промоција во октомври на iPhone 4S не беше така спектакуларна и тогаш една акција вредеше околу 360 долари, со пад на вредноста од 2%. Сега, по промоцијата на новиот смартфон една акција на Apple вреди околу 680 долари, која претходно вредеше околу 640 долари. Тоа значи дека инвеститорите заработуваат по 40 долари за акција.

Вкупниот промет на акции е драстично зголемен, а вистинскиот пик на тргување се очекува во моментот кога уредот ќе почне да се продава.





Прочитајте повеќе: