iPhone игра по европски правила

Објавено на 13.09.2012 во Новости



iPhone игра по европски правила

Европската Унија има стриктни пропозиции кога е во прашање USB конекцијата и големината на влезот за полначот на батеријата. Добро е познато дека Apple не е баш на иста линија со оглед на големиот док конектор. Но, правила си се правила, па затоа Apple го промовира Lightning конекторот.

 

Овој приклучок ќе се најде на европскиот пазар во октомври по цена од 29 долари. Намената на овој приклучок ќе биде двојна. Прво ќе работи како конвертор за приклучување со постарите додатоци кои имаат влез со стариот 30 пински приклучок. Втората намена ќе му послужи како USB приклучот, односно за поврзување со компјутер или друг уред.

На iPhone 5 веќе е познато дека стариот 30 пински кабел е заменет со 8 сигнален, што значително го ослободува просторот на долниот влез на смартфонот. 





Прочитајте повеќе: