Ова е видеото од промоцијата на iPhone 5
Објавено на 13.09.2012 во Новости
За разлика од другите компании кои објавуваат преноси во живо од своите презентации и настани, компанијата Apple нема таква навика, односно тоа го прават еден ден подоцна. За сите кои не најдоа соодветен пренос вчера на интернет еве ви можност единствено преку telefoni.com.mk да погледнете што се случуваше вчера.
Презентацијата на iPhone 5 е најпроследуваниот настан оваа година кој го заслужува целото медиумско внимание. Сепак, вчерашниот настан многумина немаа можност да го следат во живо. Денес целиот настан е поставен на официјалната страна на Apple.
Единствено за вас ви обезбедуваме да го погледнете целото видео кое трае повеќе од два часа, а ако немате многу трпение погледнете го само она што ве интересира.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.