iPhone 5 за еден месец да се продаде во 10 милиони примероци?

Објавено на 14.09.2012 во Новости



iPhone 5 за еден месец да се продаде во 10 милиони примероци?

 

Иако iPhone 5 завчера за прв пат ја виде светлината на денот, аналитичарите очекуваат телефонот уште во првиот месец да се продаде над 10 милиони пати.

iPhone 5 во салоните доаѓа на 21 септември, а до крајот на месецот ќе пристигне во дури 31 земја. Земајќи предвид дека iPhone 4S успеа во првите недели, во само 7 земји, да се продаде во над 4 милиони примероци, аналитичарите сметаат дека 5-та за само еден месец ќе се продаде од 8 до 10 милиони примероци.

Иако ова изгледа малку преамбициозно, Apple го поткрепува ова со фактот дека до Нова година, iPhone 5 ќе биде достапен во 100 земји.
 





 
Најнови телефони
 
 


{}