Ова е костурот на iPhone 5

Објавено на 14.09.2012 во Новости



Ова е костурот на iPhone 5

Аналитичарите од Techinsights направиле компаративна листа на деловите од кои е составен новиот iPhone 5 и колку чинат тие во производство во однос на неговите претходници iPhone 4S и iPhone 4. Според првичната проценка цената на производство на iPhone 5 изнесува 167.5 долари.

Според листата очекувано iPhone 5 чини многу повеќе од претходните модели, но реално зголемената цена не е одраз на некоја нова технологија или значително подобрување. Единствено се забележува разлика во цената на екранот, што е и логично бидејќи се работи за поголем 4 инчен екран, а исто така поскап е и процесорот, кој кај iPhone 5 чини 28 долари, што е за 7 доалри повеќе од неговиот претходник.

Можеби производната цена од 167.5 долари ќе ви звучи малку во однос на продажната цена од 199 доалри за моделот од 16 гигабајти, но вистински грабеж Apple ќе направи со продажбата на моделите кои ќе се продаваат без договор и со отклучена СИМ картичка и ќе имаат стандардно висока цена од околу 600 долари.

Целата листа и цената на поединечните делови и споредбата со постарите модели погледнете ја во продолжение.





 
Најнови телефони
 
 


{}