Вака ќе изгледаат iPhone 10, 20, 30 и 101

Објавено на 15.09.2012 во Новости



Вака ќе изгледаат iPhone 10, 20, 30 и 101

Сите веќе знаат дека пристигна iPhone 5, но да погледнеме малку во иднината и ќе видиме некоклку концепти за идните наследници на еден од најпознатите смартфони на светот. Најдобрите идеи често доаѓаат по пат на хумор, па затоа ова се предлози и концепти кои Apple треба еден ден сериозно да ги разгледа.

Во блиска иднина Apple треба да размислува неколку чекори напред и веднаш да го лансира iPhone 10 кој во тој момент ќе го носи епитетот највисокиот смартфон на светот, што на „високо“ ниво ќе го одржи престижот на оваа компанија, а еве како ќе изгледа тој.

 

Секако апетитите на Apple нема да застанат тука, а високото чудо најдобро ќе биде искористено како светлосен меч, а прв честа да го користи ќе ја има џедајот Оби Ван Кеноби.

 

Ако досега ви сметаше 30 пинскиот док конектор, нема да има повеќе нервози бидејќи iPhone 30 ќе има многу практична кунг фу примена, а промоцијата ќе биде во чест на легендата Брус Ли.

За на крај со iPhone 101 Аpple конечно да го освои врвот на светот и со тоа и дефинитивно да ги победи богатите шеици кои ги градат највисоките кули во светот. Највисоката кула нема да биде Бурџ Калифа во Дубаи, туку iPhone 101.

Автор: Aleksandar Stankov