Ѕверот LG Optimus G доаѓа на 19 септември

Објавено на 14.09.2012 во Новости



Ѕверот LG Optimus G доаѓа на 19 септември

Најновиот ѕвер на LG кој ќе ги фрли во сенка и Samsung Galaxy S III и iPhone 5 најверојатно официјално ќе биде претставен на 19-ти месецов. Досега веќе ви пренесовме неколку детали поврзани со LG Optimus G и со сигурност може да се потврди дека се работи за најголемото изненадување оваа година.

Според поканата која ја испратија LG и Qualcomm на 19 септември во среда ќе му биде претставен на светот смартфонот кој ќе ги урне сите ограничувања, барем така ветуваат корејците на настанот што треба да се одржи.

LG Optimus G ќе поседува досега невиден хардвер, а повеќето специфики веќе ви ги пренесовме. За тие што пропуштиле мало потсетување, LG Optimus G ќе поседува четири јадрен процесор, неверојатен True HD IPS Plus G2 Touch Hybrid екран и ретко видена 13 мегапикселна камера.

Сепак, сеуште немаме најсигурни информации дека ќе се појави токму LG Optimus G, но што и да ни покаже LG ќе биде вредно да се проследи. Во наредните денови очекувајте нови информации и подгответе се за среда кога, барем на хартија, ќе биде инаигуриран новиот владетел во светот на смартфоните.