ONE ги додели наградите за Letogram

Објавено на 20.09.2012 во Новости



ONE ги додели наградите за Letogram

 

На изложбата бea претставени дел од инстаграм фотографиите кои пристигнаа на наградниот конкурс на ОNЕ, насловен како ONE #Letogram, а потоа беа доделени и наградите за авторите на трите најдобри фотографии.

Во продолжение погледнете ja прво наградената фотографија која ја доби Aлександра Христова, кoja за победата си освои HTC One V.

ONE #Letogram беше отворен на Светскиот ден на инстаграмџиите, 26 јули. Во изминатите месец дена, на конкурсот пристигнале повеќе од 2500 фотографии од над 300 автори, а за најдобрата  фотографија гласаа над 1000 луѓе. 

 Саша Лилчиќ го освои второто место со оваа фотографија.

По лансирањето на ONE #Letogram користењето на инстаграм апликацијата бележи позитивен тренд, а според статистиките за Македонија на провајдерите на апликацијата, инстаграм станува една од најсимнуваните апликации.

Како трето наградена е фотографијата на Љубомир Зивановиќ.





Прочитајте повеќе: