My name is Xperia, Sony Xperia T

Објавено на 04.10.2012 во Новости



My name is Xperia, Sony Xperia T

Sony Xperia T и официјално стана новиот Џејмс Бонд телефон, а договорот меѓу MGM и Sony ќе донесе неколку интересни филмски содржини поврзани со најпознатиот таен агент 007.

Sony Xperia T забрзано се доставува на различни локации во светот со цел започнување на масовна продажба, а во нејзин прилог е и соработката за најновиот филм за Џејмс Бонд Skyfall. Смартфонот поседува HD екран со големина од 4.5 инчи, дво-јадрен S4 Qualcomm Snapdragon процесор со брзина од 1.5 GHz и одлична камера со неверојатни 13 мегапиксели.

Во продолжение погледнете ја и новата реклама за Sony Xperia T во стилот на Џејмс Бонд.