Huawei и ZTE се закана за безбедноста на САД

Објавено на 08.10.2012 во Новости



Huawei и ZTE се закана за безбедноста на САД

Во последниот период Американскиот парламент, односно Комитетот за Разузнавање прави сериозна истрага која може да доведе и до елиминирање на кинеските компании од американскиот пазар, под изговорот закана за националната безбедност на САД.

 

Еден од главните гревови кои ги носат двете кинески компании, а воедно и едни од најголемите снабдувачи со комуникациска опрема во целиот свет, е нивната поврзаност со кинеската Влада, односно субвенциите кои ги добиваат како државна помош што донекаде ги става останатите конкуренти во подредена улога.

Но, според Комитетот за Разузнавање во американскиот претставнички дом можно е покренување и на посериозни обвинувања како на пример прислушкување и собирање на безбедносни податоци во полза на Кинеската тајна служба. 

Во тек е водење на постапката, а дали зад овие сериозни обвинување стои реална опасност, односно кршење на законите од страна на кинеските  Huawei и ZTE или пак се работи само за отстранување на конкуренцијатаќе ќе се види од одлуката која треба да се донесе во наредниот период.