Apple им го зема талентот на Samsung

Објавено на 12.10.2012 во Новости



Apple им го зема талентот на Samsung

Воопшто не е новост кога експерти од една компанија за технологија преминуваат во друга, но трансферот на главниот системски архитект на Samsung во најголемиот ривал Apple е интересен од повеќе причини.

Џим Мергард е човекот кој до неодамна беше главен системски архитект во Samsung и има големо искуство во развивање на технологијата Advanced Micro Devices (AMD). Целта на неговото активирање во Apple е токму употреба на неговите вештини на тое поле.

Ваквиот чекор на Apple може да се оцени како аквизиција за поголем развој на нивните процесори, но постои и можност истиот да само да седи на клупа, спортски кажано, односно да има стратешка позиција во базата во Купертино Калифорнија, наместо во оперативниот развоен центар лоциран во Тексас.

Сепак првото сценарио е многу поверојатно, што на Apple ќе му даде значајна предност во однос на Samsung или пак останатите конкуренти од Android во сегментот на процесорите.