Европската Унија со предупредување до Google

Објавено на 16.10.2012 во Новости



Европската Унија со предупредување до Google

Најголем дел од регулаторите на 27 земји членки на ЕУ поднесоа предупредувачко писмо до компанијата Google во поглед на нивната полотика на користење на базата на податоци од своите корисници.

Причина за ваквата иницијатива на регулаторите е неодамна променетата политика на Google според која корисницит мораа да се согласат иако не беше наведено како точно ќе се користат податоците на корисниците и за која намена. Сервисите на Google во голема мерка се бесплатни, барем основните како gmail, YouTube, Android и останатите, но сите знаат дека не постои „бесплатен ручек“.

Пред да стапат новите правила на сила Google се оправдуваше дека промените се правата од безбедносен карактер и за да се поедностави процедурата на регистрација, но и тогаш повеќе експерти беа загрижени за можното загрозување на приватноста ба корисниците. Истрагата на регулаторите од ЕУ ќе продолжи и можно е нова правна битка меѓу технолошкиот гигант и „Супер државата“ ЕУ.