MG е гејмерска конзола за Android

Објавено на 18.10.2012 во Новости



MG е гејмерска конзола за Android

Секогаш кога на вашето дете играјќи ќе му падне вашиот најнов и најскап смартфон, вам ви запира здивот и знаете дека нешто мора да се направи.

Тоа нешто е новата гејмерска конзола за Android со едноставно име MG. За 150 долари добивате уред со многу игри и интернет пристап до Google Play Store, од каде што ќе преземете уште повеќе игри.

Се разбира, со Android 4.0, вашето дете, или пак оти да не и вие, ќе можете да сурфате на интернет, да слушате музика, да гледате филмови итн.

Во поглед на перформанси, MG е доста моќен. Доаѓа со Cortex A5 процесор на 1GHz и 1GB RAM меморија. Од напред има 1,3 МП и батерија од 1,880mAh која би требало да издржи 4 часа напорно играње.

Значи, за само 150 долари, децата повеќе нема да ви го чепкаат телефонот, а кога тие ќе бидат на училиште, можете и вие да ја испробате конзолата.