Oppo Find 5 e телефонче со 5 инчен дисплеј

Објавено на 19.10.2012 во Новости



Oppo Find 5 e телефонче со 5 инчен дисплеј

Телефонот за кој пред едeн месец се дозна по некој детаљ, сега напаѓа на големо со своите силни перформанси.

 

Oppo Find 5 има 5 инчен FullHD дисплеј и работи на четири-јадрен процесор 1,5 GHz и 2GB RAM меморија. Алуминиумското тело му дава дебелина од 6,9 мм, а на задната страна телефонот се фали со камера од 12 МП.

Но, тоа не е сè. Шоуто го води Android 4.1 Jelly Bean, а сè да оди како подмачкано се грижи батерија од 2500mAh.

Oppo Find 5 ќе доаѓа во верзии со 16GB и 32GB внатрешна меморија со цена од 475, односно 520 долари – во Европа и САД, по Нова Година.