Huawei: Не вршиме шпионажа

Објавено на 25.10.2012 во Новости



Huawei: Не вршиме шпионажа

Huawei е втора компанија во светот по големина која обезбедува телекомуникациски услуги на сите полиња, со огромна база на корисници и обвинувањата за вршење на шпионажа во полза на Кинеската влада се тежок удар. Кинезите сепак остро демантираат дека се послушници на Кинеската влада и тајна служба и дека нивните корисници се безбедни.

Спорот меѓу Американскиот конгрес, односно Комитетот за разунавање и кинеските компании ZTE и Huawei продолжува. За досегашните тешки обвинување од Huawei велат дека немаат никаква вина и најавија дека се целосно отворени за истрагата. Во полза на тоа оди и нивната спремност да обезбедат целосен пристап до нивниот софтверски код преку кој се обработуваат и чуваат податоците на корисниците и кој се има пристап до нив.

Како што велат од Huawei немаат што да кријат, ниту од јавноста, ниту од властите и ваквите обвинувања само нанесуваат тешки последици врз угледот на компанијата.