iPad mini vs. Nexus 7 vs. iPad 3 – кој е најсилен? (видео)

Објавено на 03.11.2012 во Новости



iPad mini vs. Nexus 7 vs. iPad 3 – кој е најсилен? (видео)

Иако ние кога ќе купиме нов телефон или таблет го чуваме како очите, сепак момците од SquareTrade „во име на науката“, спроведоа некои доста потресни тестови.

Мислиме потресни во вистинска смисла на зборот, бидејќи тие буквално ги трескаа од земја трите моментално најактуелни таблети - iPad mini, Google Nexus 7 и iPad 3 – сè со цел да ги споредат колку се издржливи.

Дечките од SquareTrade биле толку посветени на задачата што дури изградиле и машина за фрлање уреди, и преку неа ги тестираа уредите на два различни начини – обично и директно на екран.

А, за тестот да биде целосен, SquareTrade отиде до толку далеку што ги потопи сите три уреди во вода на неколку секунди. Резултатот? Вреди да се погледне: