Windows 7.8 забележан за прв пат
Во изминатиот перид главана вест беше промоцијата и коментарите за Windows Phone 8, но за надградбата на веќе постоечките уреди со новиот софтвер речиси и да не чувме ништо. По долго чекање конечно имаме престатва како ќе изгледа надградбата која се забележува за прв пат кај Nokia Lumia 900.
Моделот на Nokia Lumia 900 со новиот софтвер е забележан во продвница на Nokia во Шангај, Кина каде купувачите имале можност да видат што има ново во верзијата на Windows 7.8. Според нив не се забележани поголеми промени во интерфејсот, каде што почетниот екран е речиси идентичен, а исто така нема промени и во менито на камерата.
Засега сеуште не е познато кога официјално ќе биде пуштена во етер надградбата на оперативниот систем Windows 7.5 Mango со скратената верзија на Windows Phone 8.