Sony да изнесе 40% од производството

Објавено на 08.11.2012 во Новости



Sony да изнесе 40% од производството

Sony планира следнава година да произведе 35 до 50 милиони телефони, но за да го постигне тој капацитет ќе мора да ги ангажира и другите играчи.

Прв на листата е фамозниот Foxconn кој ги произведува телефоните на Sony од ниската класа, а според некои извори Sony ќе ги ангажира фирмите Arima и Compal, што заедно со Sony ќе произведат 40% од Xperia телефоните.

Инаку Sony деновиве ги претстави Sony Xperia E и E Duos, а на листата на чекање за лансирање се и Xperia Odin и Xperia Yuga.