BlackBerry 10 ќе има најбрз интернет
Објавено на 12.11.2012 во Новости
Компанијата Research in Motion која стои зад популарниот BlackBerry ги објави резултатите од првичните тестови на нивниот нов интернет прелистувач кој покажува одлична брзина и е на самиот врв на листата.
Тестот Ringmark е бесплатен и се користи за да проверите колку е брз интернет пребарувачот на вашиот мобилен, а токму на новиот оперативен систем на RIM, BlackBerry 10 остварил најдобар резултат, победувајќи ги конкурентите од Android, iOS и другите прелистувачи.
Со ова само се надополнуваат добрите вести за BlackBerry кој има многу надежи во новиот оперативен систем, а покрај добриот софтвер, од канадската компанија Research in Motion ветуваат и одличен хардвер и екрани со висока резолуција. Новите BlackBerry смартфони се очекуваат во почетокот на 2013-та година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.