Пристигнаа Google Nexus 4 и Nexus 10

Објавено на 13.11.2012 во Новости



Пристигнаа Google Nexus 4 и Nexus 10

Најочекуваните уреди за ова година конечно се достапни за пазарот преку онлајн продавницата Google Play Store, но и низ повеќе оператори низ Европа. Супер смартфонот Nexus 4, како и таблетот Nexus со екран од 10 инчи се подготвени да го освојат светот.

Цената на новиот смартфон Nexus, за кого Google соработуваше со LG изнесува само 299 долари, што е навистина фантастично за еден уред кој поседува врвни карактеристики. Nexus 4 е првиот смартфон кој ќе работи на најновата верзија на оперативниот систем Android 4.2, a поседува и одлични хардверски компоненти, како што е четиријадрениот Qualcomm Snapdragon S4 процесор со 1.5 GHz, 2GB RAM и огромен екран од 4.7 инчи со висока резолуција.

Таблетот Nexus 10 пак е продолжение на серијата Nexus со тоа што поседува поголем екран од 10 инчи, но и двојно подобар процесор, меморија и главна камера со сензор од 8 мегапиксели. Неговата цена од 399 долари е сериозна закана за најновиот таблет на Apple iPad 4. Во наредниот период се очекува новите Nexus уреди да се најдат во продажба низ повеќе европски оператори, па се надеваме дека ќе пристигнат и кај нас по слична цена без склучен договор.