Заменете го вообичаениот часовник во Android со ова
Објавено на 19.01.2013 во Новости
Во Play Store има еден куп видгети за часот, временската прогноза и батеријата, но поголемиот дел од нив се доста еднолични и досадни.
Групата видгети Beautiful Clock Widgets има намера од корен да го промени тоа со тоа што ќе ви понуди неколку интересни и корисни дизајни.
Како прво, има видгети за сечиј вкус, иако се наоѓа и по некоја луда идеја, кои ќе ви го разубават основниот екран, но и ќе ви понудат неколку нови опции, или во некои случаи, повеќе функции во еден видгет.
Во обичната верзија достапна овде има прекрасни дизајни, но сепак тие најубавите се достапни во Pro верзијата, но за неа се плаќа.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.