Први детали за Windows Phone 7.8

Објавено на 19.11.2012 во Новости



Први детали за Windows Phone 7.8

 

Невобичаено долго се чека на надградбата на постарите уреди на Windows со најновите алатки од последната верзија Windows Phone 8. Додека сите се возбудени за новите смартфони како Nokia Lumia 920, HTC 8X и Samsung Ativ S, сопствениците на уреди со Windows 7.x чекаат со подзинати усти за конечната надграба на софтверот.

Засега не е познато кога ќе се случи надградбата, но затоа пак се појавија првите официјални информации за тоа што ќе дојде во новиот пакет, наречен Windows Phone 7.8, кој е само скратена верзија на „осмицата“. Од Microsoft ветуваат дека надградбата ќе се случи наскоро, односно најдоцна до средината на декември, па да стискаме палци до тогаш.

Трпението ќе се исплати бидејќи промени ќе има во стартното мени, користењето на известувањата и информациите од Bing, промени во Internet пребарувачот, но најважно е од се е што ќе имате пристап до новата алатка Live Ties која овоможува многу можности за персонализација со уредот.