Вчера во App Store влезе милионитата апликација

Објавено на 20.11.2012 во Новости



Вчера во App Store влезе милионитата апликација

 

Apple ја лансираше App Store во 2008 година и само по четири години, заклучно со вчера, програмерите придонесоа за 1 милион апликации.

Моментално има 736.247 активни апликации во App Store, а 45% од нив, или точно 336.270 се наплаќаат. Интересно е тоа што, 15% од нив се игри – или тоа се 120.065 игри од каталогот на Apple.

E сега, ако ве збунивме со тоа што кажавме дека влегле 1 милион апликации, а споменавме само 736.247 тоа е бидејќи точно толку апликации влегле во AppStore откако постои, но дел се повлечени од самите програмери поради најразлични причини.

Ова е уште еден пример за тоа колку пораснала мобилната индустрија на апликации. Со оваа бројка, AppStore е на првото место, додека веднаш зад неа се Google Play Store со точно 750.000 апликации севкупно, а Windows Phone Marketplace се наоѓа на далечното трето место со 125.000 апликации.