Роботи ќе го прават iPad

Објавено на 20.11.2012 во Новости



Роботи ќе го прават iPad

Тајванската фабрика Foxconn со седиште во Кина инсталира 10.000 роботи кои ќе го произведуваат iPad mini и iPad 4. Најпозната фабрика во светот покрај уредите на Apple, ги склопува и уредите на Kindle Fire, PlayStation 3 и XBox 3 и постојано пристигнуваа критики за лошите услови за работа, но нештата полека се менуваат.

Досега во фабриката се случија повеќе инциденти, како и повеќе самоубиства на работници кои не можеле да го издржат работниот притисок, но од друга страна Foxconn има огромен придонес во економијата со речиси 1 милион вработени ширум светот, па добар дел од овие настани беа ставани настрана.

Со инсталирањето на новите роботи, чија конечна бројка се очекува да изнесува 30.000 ќе им се олеснат најтешките обврски на работницитe, но тоа истовремено ќе значи и кратење на работнитe места. Интернет заедницата не остана рамнодушна и веќе излегоа првите шеги дека роботите кои ќе го склопуваат iPhone ќе се нарекуваат Андроиди, како и неколку апокалиптични сценарија каде што доминацијата на машините ќе започне токму од Foxconn.