До 2017 година ќе има 2 милијарди NFC уреди

Објавено на 26.11.2012 во Новости



До 2017 година ќе има 2 милијарди NFC уреди

 

Според истражувачката компанија ABI Research, 2013 година ќе се продадат над 80 милиони со NFC технологија, додека до 2017 година, оваа бројка ќе биде 2 милијарди.

ABI вели дека NFC технологијата излегла од т.н. „пробна фаза“ и успешно се покажала на сите платформи, што во иднина би ја направило „стандардна опрема“ за сите мобилни уреди.

Покрај тоа што најчесто се користи за плаќање по мобилен, NFC се користи за пренесување информации, online/offline автентикација, па дури во иднина се планира и рекламирање преку неа.

ABI Research вели дека бројката на продадени уреди со оваа технологија до 2017 година би се искачил на речиси 2 милијарди, доста оптимистичко, со што би се забрзале многу од постоечките процеси.