Ново видео од BlackBerry 10

Објавено на 03.12.2012 во Новости



Ново видео од BlackBerry 10

Уште помалку од два месеци не делат од промоцијата на новиот оперативен систем на BlackBerry 10, како и прикажувањето на новите смартфони кои покрај стандардната верзија со QWERTY тастатура ќе има и модели со екран на допир и нов револуционерен софтвер.

Од сите досегашни појавувања во јавност на софтверот и моделите на BlackBerry 10 можевме да видиме дека се работи за одлични производи кои ќе ја вратат канадската компанија RIM на самиот врв. Иако до официјалното промовирање има уште многу време RIM не се труди доволно добро да ја чува мистеријата зад новите смартфони.

Конечно ви го прикажуваме и најновото видео oд новиот софтвер кое е многу кратко нo, доволнo интересно за да не држи во неизвесност до 30-ти јануари 2013-та.