Претставен Nokia Lumia 620 – ефтин и во повеќе бои

Објавено на 06.12.2012 во Новости



Претставен Nokia Lumia 620 – ефтин и во повеќе бои

Nokia само што го објави новиот член на семејството Lumia смартфони со WP8. Nokia Lumia 620 работи на најновата верзија на мобилната платформа на Microsoft и се надева дека ќе ве импресионира со посебниот младешки дизајн, S4 Snapdragon чип-сет и атрактивната цена.

Nokia Lumia 620 доаѓа со 3.8" ClearBlack LCD дисплеј на WVGA резолуција, со внатрешна меморија од 8GB со можност да се прошири со microSD слот картичка, и 512MB RAM меморија.
 
Nokia Lumia 620 има 5 мегапикселна примарна камера со LED блиц во задниот дел и VGA камера од напред за видео-разговори.

 
 
Да се биде дел од Nokia Lumia серијата, значи дека најновиот модел 620 има пристап до ексклузивната Nokia Drive апликација, која обезбедува бесплатна навигација со гласовно зборење и офлајн пристап. 
 
Nokia Lumia 620 ќе биде достапна во повеќе бои, вклучувајќи зелена, портокалова, пурпурна, жолта, цијан, бела и црна. Се проценува дека ќе чини околу 249 долари, и ќе почне со продажба во јануари 2013 година во Азија, а потоа ќе следат и Европа и на Блискиот Исток пред да се прошири низ светот.
 
Погледнето го видеото со најновиот модел на Nokia, Lumia 620: