Бренд на годината

Објавено на 11.12.2012 во Новости



Бренд на годината

 

Најчитаниот сајт за мобилни телефони и технолгоија, telefoni.mk избира најдобар бренд за 2012-та година. Како и секогаш најважни ни се мислењета на нашата публика, па затоа оставивме простор вие да ја донесете конечната одлука. 
 
Во последната година се обидовме да ви ги пренесеме сите брендови на мобилни телефони, смартфони и таблети, почнувајќи од светски најпродаваните iPhone, Samsung, HTC, Nokia. Дел од нашите виртуелни страници беа испишани и со помалку познати брендови, кои не се достапни кај нас, но само со цел да им го доближиме светот на технолгијата на сите љубители.
 
Учествувајте во анкета и дајте го вашиот глас без оглед дали поседувате смартфон, или пак постар модел на мобилен телефон, кој според вас заслужува да го носи епитетот најпопуларен бренд на мобилен телефон во Македонија за 2012-та.