Претставен HTC Butterfly – меѓународна верзија на Droid DNA

Објавено на 10.12.2012 во Новости



Претставен HTC Butterfly – меѓународна верзија на Droid DNA

 

Без многу фама, HTC само што го направи својот Butterfly Android смартфон, речиси идентичен со J Butterfly, кој беше најавен за Јапонија во октомври, и HTC Droid DNA за Verizon претплатниците во САД. Тоа што е различно е дека HTC Butterfly, претставува меѓународна верзија за корисниците низ целиот свет.

Значи, овој одличен модел на HTC доаѓа со 5-инчен екран со резолуција од 1920 на 1080 пиксели, Qualcomm Snapdragon S4 Pro процесор со четири јадра со работен такт од 1.5GHz, 2GB RAM, 16GB капацитет, како и две одлични камери од 8 мегапиксели - задна, односно предна од 2 мегапиксели.

Цената и достапноста за HTC Butterfly се уште не се објавени, но се надеваме дека тоа ќе се случи наскоро.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: