Nokia Lumia 505 доаѓа ‘наскоро’

Објавено на 12.12.2012 во Новости



Nokia Lumia 505 доаѓа ‘наскоро’

Информацијата за Nokia Lumia 505 се појави пред само неколку дена, а сега повторно се шират шпекулации дека ‘наскоро’ и ќе се појави. Lumia 505 е пристоен уред кој официјално не е претставен од Nokia, и засега се чини дека неговото пуштање во продажба ќе биде на ограничени пазари.

Перформансите кои ги вклучува се повеќе од одлични за еден ваков смартфон, а посебно изненадувачки е 8-мегапикселната камера. Тоа е одлична вест за оние кои преферираат помали и пристојни уреди.

Тука се дадени спецификациите кои се познати досега за Lumia 505:

- 3.7-инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 480 x 800 пиксели

- 8MP задна камера

- 4GB внатрешна меморија

- Windows Phone 7.8

Lumia 505 ќе може да се купи во три бои - црна, црвена и пурпурна. За цената и датумот на појавување се надеваме дека ќе имаме повеќе информации наскоро.