Официјално најавен Nokia Lumia 505

Објавено на 17.12.2012 во Новости



Официјално најавен Nokia Lumia 505

 

Само една недела по шпекулациите за новиот смартфон на финската компанија, Nokia Mexico официјално го најави Lumia 505, кој ќе биде претставен претстојните недели од страна на мрежата на Telcel во Мексико.

Најавен во црвена, розова или црна боја, Lumia 505 работи на Windows Phone 7.8, AMOLED дисплеј со 3.7-инчен едно-јадрен 800MHz процесор со 256MB RAM меморија.

На задната страна на Lumia 505 се наоѓа 8MP камера со Carl Zeiss технологија. Со цел да се ​​задржи ниската цена за телефонот, Nokia нема вклучено предна камера и ја има намалено внатрешната меморија до 4GB.

Nokia Lumia 505 тежи 131 грама и ги има следниве димензии 118.1 x 61.2 x 11.3 mm. Батеријата е од 1300mAh, за која Nokia вели дека ќе издржи 36 часа музика и 7.2 часа 3G време за разговор.

Цените и точната достапност се уште треба да ги објави Telcel, но Lumia 505 се очекува да биде лансирана во наредните недели.