Sony ги претстави Xperia Z и Xperia ZL

Објавено на 08.01.2013 во Новости



Sony ги претстави Xperia Z и Xperia ZL

 

Како што и се очекуваше, Sony ги претстави Xperia Z и Xperia ZL на CES. Досега повеќе пати објавуваме детали околу овие врвни смартфони, но сега официјално се објавени сите спецификации.

 

Sony Xperia Z

Sony Xperia Z работи на најновиот Snapdragon S4 Pro со четири-јадрен 1.5GHz Krait процесор, Adreno 320 графика и 2GB RAM меморија. Смартфонот е направен од 5-инчен LED екран со 1080p дисплеј и има камера од 13MP со Exmor РС сензор способен за 1080p видео снимање со HDR опција на располагање..

Xperia Z има сертификат IP57 за отпорност на прашина и вода. Овој смартфон има уникатен дизајн и има неотстранлива 2330 mAh батерија.

Од поврзувањата има скоро сѐ - LTE, HSPA +, Wi-Fi, Bluetooth, GPS, NFC и FM радио. Исто така, има и слот за microSD.

Телефонот работи на Android 4.1 Jelly Bean. Sony Xperia Z ќе биде пуштен во продажба во март, но неговата цена се уште не е објавена.

Sony Xperia ZL

Xperia ZL е смартфон доста сличен на Xperia Z, освен со недостатокот на IP57 сертификатот и малку различен дизајн. Xperia ZL има камера поставена во долниот десен агол на предната страна, помала големина (но подебел профил) и е малку полесен од Xperia Z.

Остатокот е прилично ист – 5-инчен 1080p дисплеј, Snapdragon S4 Pro chipset, задна камера од 13MP (иако оваа ја користи претходната генерација Exmor R сензор, според спецификациите на Sony), дел за поврзување, итн. Xperia ZL исто така има microSD слот.

Исто како и Xperia Z, и ZL работи на Android 4.1 Jelly Bean и ќе биде пуштен во продажба овој март. Цените допрва треба да бидат откриени. Xperia Z и ZL ќе биде достапен на различни пазари, но Sony одби да открие повеќе детали за тоа.