BlackBerry 10 ќе има дури шест уреди

Објавено на 10.01.2013 во Новости



BlackBerry 10 ќе има дури шест уреди

Компанијата RIM најави вистинска офанзива на пазарот на смартфони оваа година со лансирање на новиот оперативен систем, како и шест нови уреди кои ќе ги покријат сите класи на квалитет.

BlackBerry 10 L Series Compared to iPhone 5, Dev Alpha B (Video)

Досега веќе пренесовме дека ќе видиме четири нови BlackBerry 10 смартфони, по два со екран на допир и два со QWERTY тастатура кои ќе се натпреваруваат во високата и средната класа. Изгледа дека RIM сака уште поголемо учество на пазарот и има голема доверба во својот нов производ за кој досега имаме само пофални зборови.

RIM на 30 јануари ќе го лансира BlackBerry 10 а првиот уред ќе се најде во продажба во март. Засега сигурни се BlackBerry серијата L10 со QWERTY тастатура и BlackBerry Z10 со екран на допир, што значи дека шпекулациите за сериите N и X полека почнуваат да се остваруваат, па останува наскоро да видиме дали компанијата ќе се врати на старите патеки на успехот..

Автор: Aleksandar Stankov