Samsung Galaxy S IV ќе има безжично полнење

Објавено на 20.01.2013 во Новости



Samsung Galaxy S IV ќе има безжично полнење

 

Како што ќе одминува времето се почесто ќе слушаме претпоставки, но и можни откривања на плановите на корејски Samsung за претстојниот нов супер смартфон Galaxy S IV. Последната информација вели дека тој ќе има и безжичен полнач.
 
Според натписите на корејскиот DDaily безжичниот полнач ќе се продава заедно со дополнителна задна покривка која нема да биде вклопена во самиот уред, а засега сеуште не е позната цената. Samsung наводно употребил технологија за оваа намена која ќе има пониска цена и се откажал од системот на т.н резонантна магнетна спојка, која едноставно е премногу скапа за комерцијална употреба иако е многу поефикасна. 
 
 
Новиот Samsung Galaxy S IV најверојатно ќе биде презентиран на саемот за технологија MWC, а ќе биде пуштен во продажба во мај 2013-та.