Facebook бара лична карта

Објавено на 28.01.2013 во Новости



Facebook бара лична карта

 

Социјалната мрежа Facebook, како и нивниот сервис за споделување на слики Instagram, воведуваат нова политика за проверување на вистинскиот идентитет, доколку дојде до злоупотреба на личниот профил со прикажување на копија од документ за лична идентификација.
 
 
Корисниците на Facebook на кои ќе им биде побаран ваков документ им следи и блокирање на профилот, се додека не докажат дека тие се вистинските сопственици, но експертите предупредуваат и за можна безбедносна закана.
 
 
Доколку навистина целта е да се намали бројот на лажни профили и злоупотреба на личните податоци, ваквиот потег е до некаде оправдан, меѓутоа хакерите може да ја злоупотребат оваа алатка и да ги украдат вашите лични податоци кои се заштитени со закон, затоа внимавајте на какво барање за идентификација ќе одговорите.
 
Наша препорака е да не ги давате личните податоци, а особено не да прикажувате копија од лична карта, бидејќи може да се работи за хакерски напад, но и во случај навистина барањето да е од Facebook секој има право на своја приватност, која е заштитена со закон.