Наскоро доаѓа Sony Xperia SP

Објавено на 07.02.2013 во Новости



Наскоро доаѓа Sony Xperia SP

Sony Mobile на претстојниот Светски конгрес на мобилна технологија најверојатно ќе се претстави со нов смартфон Sony Xperia SP или популарно наречен HuaShan. Овој смартфон ќе има екран со големина од 4.5 инчи и ќе припаѓа на средната класа.

Sony на изминатиот саем на технологија CES го претстави најголемиот хит Sony Xperia Z, а овој месец ќе лансира уред кој ќе има поскромни карактеристики. Sony Xperia SP ќе поседува дво-јадрен Qualcomm Snapdragon S4 Pro просесор со брзина од 1.7 GHz, но и многу подобра графичка карта Adreno 320.

За оператривниот систем ќе биде задолжен Android 4.1 Jelly Bean, а во однос на конекцијата овој уред ќе има можност за 4G LTE мрежа, како и сите останати стандардни поврзувања и карактеристики. Интересно е што Sony Xperia SP многу наликува на хитот за 2013-та  Sony Xperia Z кога е во прашање дизајнот. Во овој момент не е познато дали смартфонот ќе се продава на глобалниот пазар или ќе биде наменет исклучиво за Азија.