Apple тестира уред кој се витка

Објавено на 11.02.2013 во Новости



Apple тестира уред кој се витка

 

Според извори запознаени со ситуацијата, Apple тестира стакла за уред кој се витка и наликува на саат, но ќе работи со некои функции од смартфонот. Компанијата веќе дискутирала за овој иден уред со Foxconn, кој активно работи на технолошки уреди кои се виткаат за повеќе компании, вели WSJ. Овој саат ќе работи на истата iOS платформа како iPhone, iPod touch и iPad.

Ова не е прв пат да се збори за ваков iWatch на Apple. Mинатата година една кинеска веб страна објави дека тој саат ќе има Intel чип внатре, OLED RiT екран од 1.5 инчи, и ќе има сличности со iPhone и iPаd.

Доколку Apple претстави свој паметен часовник, тоа би значело голем чекор во ова поле. Помалите компании како Pebble, Casio па дури и Sony веќе имаат вакви саати со некои одлични опции, но ако компании како Apple или Google направат нешто вакво со нивните врвни извори на компоненти, тогаш навистина би била одлична работа.    





Прочитајте повеќе: