LG Optimus G доаѓа во Европа надграден и подобрен

Објавено на 22.02.2013 во Новости



LG Optimus G доаѓа во Европа надграден и подобрен

 

Во текот на наредните денови, LG Optimus G доаѓа на европскиот пазар со нови надградени опции што го прави овој уред еден од најмодерните во класата. Иако LG Optimus G веќе беше претставен во САД, смартфонот со 4-јадрен Qualcomm Snapdragon процесор најпрво ќе пристигне во Шведска, Франција, Германија како и Италија. Оваа верзија на уред ќе работи на Android Jelly Bean 4.1.2.

Со оваа верзија на Jelly Bean, LG Optimus G ќе биде смартфон со речиси најнов оперативен систем на Android достапен на пазарот. Единствениот уред кој има понапреден софтвер во моментов е само Google Nexus 4 и ASUS Nexus 7. Случајно или не, Nexus 4 е направен со истиот основен дизајн како и LG Optimus G, со многу исти спецификации во и надвор од уредот.

LG Optimus G ќе биде подобрен со опцијата QSlide, со тоа што луѓето сега ќе можат истовремено да работат на повеќе од една апликација со слоеви на транспарентен екран.

Друга надградба кај Optimus G е Safety Care, која им дава на корисниците информација за физичката локација на уредот, откако таа опција е однапред поставена. Ова може да биде одлично за оние кои забораваат каде го оставиле телефонот со активирање на потсетник по одредено време.

Други дополнителни опции се: Privacy Keeper (за сокривање на информации за корисникот), Google Now (со најновото издание сега), Filmstrip View (за галерии) и Expandable Notifications. Точната цена и времето кога ќе пристигне телефонот, ќе бидат познати наскоро.