Sony со прв Firefox OS ROM за Xperia E

Објавено на 28.02.2013 во Новости



Sony со прв Firefox OS ROM за Xperia E

Sony Mobile неодамна потврди дека започнува ново партнерство со Mozila за изработка на смартфони кои ќе работат на новиот оперативен систем Firefox кој е базиран на HTML-5 технологијата. Но, до појавување на првите вакви смартфони ќе почекаме барем една година, па затоа Sony го претстави првиот експирементален Firefox OS ROM за Xperia E.

Sony Xperia E е логичен избор за примена на Firefox OS бидејќи се работи за смартфон од ниската класа со послаби перформанси, како што се и останатите смартфони со Firefox, Alcatel One Touch Fire и ZTE Open кои први покажуваат какви се можностите на оперативниот систем на Mozila. Од следното видео погледнете кратка презентација на овој нов софтвер за мобилни телефони.