HP со првиот Jelly Bean таблет Slate 7

Објавено на 01.03.2013 во Новости



HP со првиот Jelly Bean таблет Slate 7

 

HP (Hewlett Packard) го претстави HP Slate 7, првиот таблет на компанијата со Android Jelly Bean оперативен систем кој што овозможува лесна достапност до Google мобилните услуги и Play Store.
 
Со екран од дијагонала од 7 инчи и тежина од 368 грама, HP Slate 7 е идеален, доверлив придружник, со куќиште во црна боја со рамка од нерѓосувачки челик. HP Slate 7 е првиот таблет кој нуди вграден Beats Audio за најдобар звук и со тоа претставува таблет кој што нуди најдобро аудио искуство.
 
 
“Како одговор на зголемениот интерес за таблети меѓу потрошувачите и претпријатијата, HP ќе понуди палета на различни димензии и конфигурации на таблети поддржувајќи со тоа низа оперативни системи“ изјави Алберто Торез, постар заменик Претседател на Mobility Global Business Unit во HP. “Нашиот нов HP Slate 7 со Android 4.2 платформа претставува голема почетна точка за корисниците на таблети, додека нашиот револуционерен бизнис таблет HP ElitePad со Windows 8 е идеален за компании и државни институции. Сепак треба да се напомене дека и двата таблета ја реализираат потребата и поддршката која што луѓето ја очекуваат од HP.” 
 
 
HP Slate 7 поседува ARM Dual Core Cortex-A9 1.6 GHz процесор и има одлична брзина и реакција на команди. Преку High-aperture-ratio Field Fringe Switching (HFFS) панелот, HP Slate 7 нуди широк агол на гледање на документи, игри, фотографии и видеа, дури и во услови на директно осветлување на дисплејот. Таблетот има и 3 мегапикселна главна камера и предна VGA камера за разговор, видео и фотографирање.
Автор: Aleksandar Stankov