ZTE ќе ги користи новите Intel процесори

Објавено на 06.03.2013 во Новости



ZTE ќе ги користи новите Intel процесори

 

ZTE во наредниот период ќе го зацврсти партнерството со Intel и ќе понуди нова серија на смартфони опремени со новите процесори кои би требало да се појават кон крајот на 2013-та. Досега ZTE лансираше неколку самртфони со предзнакот Intel меѓу кои најпознат е ZTE Grand X IN.
 
 
ZTE и Intel соопштија дека кинеската компанија во целост ќе ја искористи моќта на новиот процесор Atom Z2580, кој беше претставен неодамна. Истиот ќе обезбеди брзина од 2.0 GHz и ќе има две јадра. Intel е познат по тоа што не игра на картата на многу јадра, туку се труди да обезбеди голема брзина и висок степен на искористеност на моќта која нема да го оптоварува смартфонот и неговата батерија.
 
Оваа година мобилната индустрија ќе биде преплавена со смартфони кои се опремени со хардверски компоненти од Qulacomm и Nvidia, па така ќе биде интересно да се види на каков начин ќе одговори реномираната компанија Intel, која полека си го пробива светот во оваа категорија.